УЧЕНИЦИ ОД СТАЈКОВЦИ И ЧЕНТО СЕ ТЕПААТ ВО АВТОБУСИТЕ Градоначалникот апелира до родителите и до МВР да преземат нешто
Градоначалникот Бобан Стефковски го свикал Советот за превенција за да се најде начин да се стави крај на тепачките. „Вооедно апелирам и до МВР да превземе соодветни мерки со цел расчистување на изминатите настани, но што е и најважно превенција од идни вакви и слични немили настани“ – напиша градоначалникот на Гази Баба.
Изминатите неколку денови се случуваат инциденти во автобусите на ЈСП кои поминуваат од Ченто, преку Сингелиќ до Стајковци, во кои се повредени повеќе ученици, деца, жители на тој дел од општина Гази Баба – напиша на Фејсбук градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски, кој како што информира, презел конкретни чекори за надминување на состојбите.
„Закажав седница на Советот за превенција за в понеделник, на која се поканети преставници од Месната заедница Сингелиќ и Месната заедница Стајковци, како и претставници од надлежни институции, кои по функција се членови на Советот. На таа седница ќе предложам мерки и заклучоци за надминување на состојбата. Вооедно денес оддржав средба со преставници на Месната заедница Стајковци на која ги информирав за превземените дејствија. Утрово испратив допис до Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во кој побарав зголемено полициско присуство во критичниот период на полициски службеници во самите автобуси на ЈСП Скопје“ – напиша градоначаникот на Фејсбук.
Тој јавно апелира до младите, но и до нивните родители, да се разговара и вакви случувања во иднина да не ни се повторуваат.
„Вооедно апелирам и до МВР да превземе соодветни мерки со цел расчистување на изминатите настани, но што е и најважно превенција од идни вакви и слични немили настани“ – напиша градоначалникот на Гази Баба.