АЗЕСКИ Е ЗАДОВОЛЕН ОД ДОГОВОРОТ ЗА УВОЗ НА СТРУЈА ОД БУГАРИЈА Проработе националниот консензус и за прашањата на бизнисот
Претседателот на Стопанската комора вели дека енормниот раст на цената на струјата, но и на останатите енергенси како клучна компонента во производствената цена, е топ приоритетно прашање за бизнис секторот за кое е отворено уште од септември 2021 година од страна на Комората.
Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески смета дека владата конечно почна да реализира дел од барањата на компаниите за надминување на кризата со цената на струјата, а со прашањето денеска ќе се позанимава и Советот за безбедност, што според Азески, е уште еден чекор во градењето национален консензус за поддршка на бизнисот.
Азески вели дека енормниот раст на цената на струјата, но и на останатите енергенси како клучна компонента во производствената цена, е топ приоритетно прашање за бизнис секторот за кое е отворено уште од септември 2021 година од страна на Комората. Одреден период нема компанија која не го става во приоритетните проблеми за кои се бара итно решавање.
-Минатата недела конечно се случи потребното свртување на надлежните органи кон справувањето со ова важно прашање. Владата максимално се ангажира за поддршка на компаниите. Во Комората се одржа важна средба со ЕВН за проблемите за инсталирање фотоволтаични централи. Во понеделник во Комората ќе дојде раководството на ВМРО-ДПМНЕ со нивните градоначалници на средба со компаниите, исто така со намера да помогнат околу разрешување на овие проблеми. Во таа насока се и дел од договорените одлуки вчера во Софија во рамки на официјалната посета на премиерот Димитар Ковачевски – вели Азески.
Тој не го крие задоволството што вчера во Софија на средбата на премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев е договорено Бугарија да испорачува 200 мегаватчаса струја од почетокот на октомври до крајот на март идната година по поевтина цена за стопанството, за да се ублажи енергетската криза во земјава, со што ќе се обезбеди непречено снабдување со струја за индустријата, што е едно од клучните барања на Стопанската комора на Северна Македонија.
-Договорено е заедно со Бугарија (која е земја извозник на електрична енергија, благодарение на капацитетите што ги има особено електрична енергија произведена од нуклеарна централа) да се формира веднаш во среда работна група составена од министерствата за економија на нашата држава, Министерството за енергетика на Бугарија, како и ЕСМ и другите компании во рамки на Бугарија и на која ќе се разговара за техничките параметри во однос на капацитетите и транспортот на електрична енергија за снабдување со количини во износ од 200 мегават-часа струја за потребите на Северна Македонија заклучно со март, следната година. И денешниот состанок на Советот за безбедност е уште еден чекор во градењето на национален консензус за поддршка на бизнисот кој е основата на која почиваат сите други работи во државата и плус тоа, тоа е единственото врзно ткиво во сите поделби кај нас и во регионот. Не знам дали е ова доволно јасно, но не би се осмелил да го проверувам затоа што реалноста може да биде многу сурова и да нема враќање назад – нагласува Азески.
Според него, денешниот состанок на Советот за безбедност е уште еден чекор во градењето на национален консензус за поддршка на бизнисот.
-Бизнисот е основата на која почиваат сите други работи во државата и плус тоа, тоа е единственото врзивно ткиво во сите поделби кај нас и во регионот. Не знам дали е ова доволно јасно, но не би се осмелил да го проверувам затоа што реалноста може да биде многу сурова и да нема враќање назад – вели Азески.