ŠTIP CITY MALL ИМ ПОДАРИ 500 РАНЦИ НА ПРВАЧИЊАТА На 5 ноември се отвора најголемиот трговски центар во Источна Македонија
Уште пред официјалното отворање на трговскиот центар, одлучивме нашата прва општествена активност да биде наменета токму кон најмалите. Сметаме дека поддршката и придонесот кон образованието е одговорност на сите во општеството. Со оваа донација сакаме да бидеме дел од детската радост и ентузијазам и да ги израдуваме првачињата, мотивирани и исполнети да ја започнат новата животна етапа која е од огромна важност за нив, рече Јордев.
На денешната церемонија по повод пречекот на првачињата во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип, Štip City Mall, најголемиот регионален трговски центар во Источна Македонија, донираше 500 училишни ранци и со тоа ги израдува сите првачиња кои се запишаа во новата учебна година.
За време на официјалната церемонија беше присутен и Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, кој ја изрази својата благодарност до компанијата и истакна колку се важни ваквите активности кои се насочени кон развојот на образованието и едукацијата на младите. На настанот присуствуваше и сопственикот на Štip City Mall – Горан Јордев.
– Уште пред официјалното отворање на трговскиот центар, одлучивме нашата прва општествена активност да биде наменета токму кон најмалите. Сметаме дека поддршката и придонесот кон образованието е одговорност на сите во општеството. Со оваа донација сакаме да бидеме дел од детската радост и ентузијазам и да ги израдуваме првачињата, мотивирани и исполнети да ја започнат новата животна етапа која е од огромна важност за нив – рече Јордев и додаде:
– Истовремено имајќи го во предвид и енормното зголемување на цените со кое се соочуваме сите ние, ја даваме нашата помош таму каде што е најпотребно, односно директно ги олеснуваме трошоците кои ги имаат родителите. Во оваа прилика би сакал да најавам и дека веќе имамеофицијален датум за отворањето на Štip City Mall, кое ќе се случи на 5ти ноемвриоваа година.
Од компанијата велат дека ова е првата активност од ваков карактер. Нивната мисија е да продолжат да функционираат како општествено одговорна компанија која постојано ќе придонесува и ќе реализира активности во полза на сите граѓани на општеството.
Новиот трговски центар кој наскоро ќе ги отвори своите врати е лоциран на атрактивна локација на самиот влез на градот Штип и истиот ќе биде најголемиот и најсовремен регионален трговски центар во Источна Македонија.