ГРАЃАНИТЕ ИНВЕСТИРААТ ВО НЕДВИЖНИНИ Зголемена побарувачка на станбени и потрошувачки кредити

Народната банка регистрира пад на кредитие на картички и намалување на негативните салда на картички.

340

Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории потрошувачките и станбените кредитибележат годишен раст од 6,4 отсто и од 13,5 отсто. На месечно ниво тој раст е  0,4 отсто за протрошувачките и од 0,8 отсто за станбените кредити. Ова го покажуваат податоците на Народната банка.

Минатиот месец автомобилските кредити на граѓаните бележат годишен пад од 6,4 отсто, а кредитите одобрени на кредитни картички забележале месечен пад за 1,6 отсто.






Негативните салда на тековните сметки во јули се намалени за 1,3 проценти на месечна основа, при годишен раст од 2,6 проценти, додека кредитите одобрени врз други основи, забележале месечен и годишен пад од 1 процент и 19,1 процент..

Во јули, вкупните кредити на домаќинствата се со месечен раст од 0,5 проценти, во поголем дел, како што информира НБ, под влијание на зголеменото кредитирање во странска валута, при раст и на кредитите во денари. Споредено на годишна основа, кредитите на домаќинствата бележат раст од 7,6 отсто, којшто во услови на повисоки кредити во денари и во странска валута, е поизразен кај кредитирањето во денари.

На годишна основа, вкупните депозити во јули годинава бележат раст од 2,3 отсто, кој во целост се должи на повисоките депозити на секторот домаќинства, а вкупните кредити се зголемени за 9,7 проценти, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор.

Вкупните депозити на домаќинствата, во јули, се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво. Промената се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, додека краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад. На годишна основа е забележан раст од 5,2 отсто, во најголем дел под влијание на повисоките краткорочни депозити во странска валута, при забележан раст и на долгорочните депозити во странска валута и депозитните пари, а при остварен пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари.

Во јули, кај вкупните кредити е забележан месечен раст од 0,5 отсто, како резултат на зголеменото кредитирање кај двата сектора, при малку поголем придонес на кредитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,7 отсто, во поголем дел под влијание на растот на кредитирањето на корпоративниот сектор.

-Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 0,5 проценти, во целост како резултат на повисоките кредити во странска валута, при забележан пад на кредитите во денари. Годишниот раст изнесува 12,1 процент и е резултат на зголемувањето на кредитите во денари и во странска валута, коешто е поизразено кај кредитите во денари – информира Народната банка.

Како што наведуваат, во јули годинава вкупните депозити се зголемени за 0,9 отсто на месечна основа, поради растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор. Годишниот раст изнесува 2,3 отсто и во целост се должи на повисоките депозити на секторот „домаќинства“.

Во јули, вкупните депозити на корпоративниот сектор, се зголемени за 1,7 проценти на месечна основа. Нагорната промена пред сè, се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, со позитивен придонес и на краткорочните депозити во денари и долгорочните депозити во денари и во странска валута, при остварено намалување на депозитните пари. На годишна основа, остварен е пад од 2,9 отсот, којшто произлегува од намалувањето на сите компоненти, освен краткорочните депозити во странска валута кои бележат раст

Поврзани содржини