Реинкарнација на фашизмот!
Доколку нашата власт не е во состојба да ја забрани дејноста на клубот "Цар Борис Трети" и не побара одговорност од надлежните за неговото функционирање, тогаш нешто е сериозно труло во државата.
Се разбира, не верувам дека некој од надлежниците институции свесно ги повампирува фашистичкiте идеи во нашата држава. Но, отсуството на контрола при давањето согласност и регистрација на здруженија со јасен профашистички бекграунд, ги прави соучесници во овој срамен чин.
Ова не е само навреда и дискредитација на нашата НОБ во која е создадена современата Македонска држава, туку и скандалозен обид историскиот товар што Бугарија го носи како сојузник на Хитлер во Втората светска војна, да го префрли врз Македонија.
Наивно е да се верува дека оваа офанзива на здруженија на Бугарите во Македонија е во функција на градење добрососедски односи со Бугарија. Станува збор за долгорочна и добро осмислена политика на официјална Софија. Печат на таа политика стави државниот врв на Бугарија при промоција на клубот „Иван Михајлов” во Битола.
До каде досега монструозноста на самата идеја говори фактот што самото здружение е сместено во куќа на Евреи кои бугарската фашистичка власт во тоа време ги депортирала во концентрационен логор.
Доколку нашата власт не е во состојба да ја забрани дејноста на клубот „Цар Борис Трети” и не побара одговорност од надлежните за неговото функционирање, тогаш нешто е сериозно труло во државата.
Патем, ова понижување што Бугарија и го прави на Северна Македонија не е предвидено во ниту еден билатерален договор меѓу двете држави.
Ова е само уште една класична провокација од нашиот сосед.
(Фејсбук статус на авторот)