„КАМ“ БРОЈ 1 ПО НОВИ МАРКЕТИ ВО БУГАРИЈА Ги надмина „Лидл“, „Била“ и „Кауфланд“

Во првата половина од годинава по бројот на нови продавници ги шие „Т маркет“ со пет продавници, како и европските гиганти „Лидл“ и „Била“ со по два и „Кауфланд“ со еден.

676

Македонскиот трговски ланец „КАМ маркет“ е лидер по бројот на новоотворени продавници за прехранбени производи во Бугарија. Во првата половина од годинава отвори вкупно шест.

„КАМ маркет“, основан во 1999 година во Македонија, е лидер на бугарскиот пазар во сегментот на т.н. биг бокс оператори меѓу прехранбените ланци во последните неколку години, а досега има отворени 19 објекти кај источниот сосед.






Според извештајот на „Колиерс“, „КАМ“ во првата половина од годинава по бројот на нови продавници во членката на Европската Унија ги шие „Т маркет“ со пет продавници, како и европските гиганти „Лидл“ и „Била“ со по два и „Кауфланд“ со еден.

Поврзани содржини