ТАЛАТ ЌЕ КРШЕЛ ПРСТИ НА ПРАТЕНИЦИ! Левица го повикува народот уште вечерва да излезе пред Собранието

„Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај! Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ! Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов на Фејсбук.

2,493

„Сите излезете пред Собрание, сите!“

Ваков статус вечерва објави пратеникот од Левица, Борислав Крмов, откако попладнево во Парламентот се случи жестока расправија помеѓу собранискиот спикер Талат Џафери и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.






„Талат шверцерот ќе ја тера седницата до крај! Цел ден се сили, го крши Деловникот, се заканува ПРСТИ ЌЕ КРШЕЛ НА ПРАТЕНИЦИТЕ! Излегувајте сите пред Собрание!!!“, напиша Крмов на Фејсбук.

Инаку, додека Апасиев попладнево говореше на собраниската говорница, Џафери му порача: „Не ми мафтај со прстот оти може да ти биде скршен“.

– Кој си ти овде прст да ми покажуваш? Ај зборувај ако зборувај и не ми мафтај со раката. Не мафтај со прстот оти може тој прст да ти биде скршен. Пробај следен пат и ќе видиш – рече Џафери.

НЕ МИ МАФТАЈ СО ПРСТ, ОТИ МОЖЕ ДА ТИ БИДЕ СКРШЕН Џафери му се закани на Апасиев

Поврзани содржини