СЕ ВОВЕДУВААТ ДВЕ НОВИ АВТОБУСКИ ЛИНИИ Од Карпош до Жданец со 29, од Хиподром до Клинички со 50А

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз.

283

Се воведуваат две нови редовни автобуски линии, одлучи Советот на Град Скопје на денешната седница.

Првата автобуска линија, со број 29, ќе се движи од Карпош 3 (кај Сити мол) до Жданец, а ќе се движи по улиците Жданец, Трнодол, Козле, 8-ми Септември, Партизански одреди и Карпош 3 (Сити мол) и обратно.






Втората автобуска линија со број 50А ќе сообраќа од населбата Хиподром 2 до Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Автобусите на новата линија ќе се движи по улиците 1646, Благоја Стефковски, Александар Македонски, Крсте Петков Мисирков, Гоце Делчев, Филип Втори Македонски, Димитрие Чуповски, Св. Климент Охридски и Мајка Тереза и обратно.

Покрај двете нови линии се врши и промена на возниот ред на линијата број 60, како и промена на возниот ред на линијата број 50 со цел усогласување со возниот ред на новата редовна линија 50А.

Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје се носи врз основа на барања на корисниците на јавниот превоз, како и врз основа на податоци од снимања на линиите и анализирање на податоци од системот за АВЛ и SMART TIKETING.

Поврзани содржини