ДАЛИ Е ХАКИРАН ФЕЈСБУКОТ НА УКИМ? Млада Кинеска лепи плочки поволно

Последната објава на страницата, а која е поврзана со дејностите на универзитетот е од 3 јуни, а тогаш најверојатно се случил хакерскиот напад и во континуитет се споделуваат видеа, за кои претпоставуваме дека се снимени во Кина.

1,514

Официјалната Фејсбук страница на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е најверојатно хакирана веќе еден месец, но по се изгледа админот не е запознаен со проблемот.

Како што може да се забележи во објавите кои се споделуваат на оваа Фејсбук страница, тие не се од информативен карактер, туку станува збор за кинески видеа кои предизвикаа исмејување и револт кај студентите поради несериозноста за објавените содржини.






– Дали е ова нормално со последните десетина постови на пејџот на УКИМ? Знаат ли админите дека им е хакиран? – стои во еден од коментарите.

Последната објава на страницата, а која е поврзана со дејностите на универзитетот е од 3 јуни, а тогаш најверојатно се случил хакерскиот напад и во континуитет се споделуваат видеа, за кои претпоставуваме дека се снимени во Кина.

Во нив може да се погледне, како можете да истрижете овца, девојка која лепи плочки, како и совети кои може да ви помогнат во домаќинството.

Засега нема реакција од страна на УКИМ, а се очекува да се види дали ќе успеат админите да ја повратат страната.

Поврзани содржини