КАКО СДСМ ШИРИ ЛАЖНИ ВЕСТИ ЗА РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕПП Држат пресови за нешто што не постои

Извор на лажни вести во државава е владејачката партија. Одржуваат серија прес конференции за работа којашто не постои. Не знам дали го немаат прочитано документот на Европската народна партија, или мислат дека луѓето нема да го прочитаат. Значи, тоа што го кажуваат на прес конференциите во документот го нема, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

172

„Ние како ЕПП силно го поддржуваме отворањето на пристапни преговори помеѓу ЕУ и Република Македонија, вклучувајќи и помирување со минатото на база на европските критериуми и вредности. Ние силно веруваме дека добрите меѓусоседски односи се клучни во решавање на прашањата кои што се настанати“.

Ова е клучната оценка од резолуцијата на Европската народна партија (ЕПП), која се однесува на спорот меѓу Македонија и Бугарија, којашто СДСМ ја спинува и за која шири лажни вести на серија прес конференции, изјави Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во утринска емисија на радио „Лидер“.






Во резолуцијата, меѓу другото, пишува: „Ние високо го цениме и ја поздравивме одлуката на Европскиот совет од март 2020 година, којашто значи одлука за препорака за почеток на пристапни преговори на Македонија. Во исто време, жалиме што досега не е определена рамка за преговори која што би овозможила организирање на првата меѓувладина конференција соодветно на заклучоците на Советот од март 2020 година“.

Во заклучоците во резолуцијата на ЕПП пишува дека е потребно да се надминат билатералните спорови: „Веруваме дека во добра волја може да се имплементираат билатералните договори, недискриминацијата, почитување на човековите права, слободата на говорот, се вредности на кои што лежи ЕУ, и истите мора да бидат признаени и од земјите кандидати за членство во ЕУ“.

Во обид да ги разобличи спиновите, Николовски рече:

– Прес-конференциите на СДСМ се најдобар доказ на лажни вести. Значи ако во минатото се боревме со лажни вести кои што произлегуваа од т.н. жолта штампа од протопортали и така натака, сега извор на лажните вести во државава е владејачката партија. Одржуваат серија прес конференции за работа којашто не постои. Не знам дали го немаат прочитано документот, или мислат дека луѓето нема да го прочитаат. Значи, тоа што го кажуваат на прес конференциите во документот го нема – истакна Николоски.

Toj додаде дека во резолуцијата на ЕПП има дел што се однесува на состојбите со правосудството во државата. Се говори и за длабоката загриженост за злоупотребата на институциите во државата, со цел напад врз опозициските партии, групи или поединци.

Се говори и за лажните вести, односно за понатамошните кредибилни чекори што мора да бидат преземени во борба со лажните вести и малигното странско влијание во Македонија.

– Врвот на СДСМ да зборува за патриотизам, мислам дека е рамно на перверзија. Значи, Зоран Заев, Ковачевски и Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и компанија, кои што потпишаа договор за промена на името на државата, сосе промена на Уставot за да е за век и веков, кои што воведоа двојазичност и кои што потпишаа договор со Бугарија во којшто пишува дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја, иако сите знаеме дека немаат. Тоа се луѓето кои што ги срушија основите на македонската држава, темелот на македонската држава и пред се на македонскиот народ, како доминантен во истата, да зборуваат за патриотизам мислам дека е перверзија – заклучи Николоски.

Поврзани содржини