ОТКРИЕНО НА КАКВА МАСАЖА БИЛ ВИДОЕ РИСТОВИЌ Неутешната Николина допатува во Белград
Николина Пишек вчера неутешна допатувала од Загреб во Белград, а во станот во Врачар, каде што живееле додека престојувале овде.
Српскиот историчар на уметност Видое Ристовиќ (44), сопруг на хрватската водителка Никола Пишек, починал во салонот за време на масажа, а додека се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат точните причини за смртта, во јавноста се објавени уште некои детали.
View this post on Instagram
Смртта на Видое Ристовиќ ја шокираше јавноста, а српски „Курир“ дознава на каква масажа бил историчарот кога му се слошило, по што, за жал, набрзо починал.
Видое наводно бил на масажа со струја, а масерката била жена на возраст од 60 години. За време на третманот наводно не го допирала Видое, бидејќи за овој вид масажа не е потребен физички контакт.
Николина Пишек вчера неутешна допатувала од Загреб во Белград, а во станот во Врачар, каде што живееле додека престојувале овде, примала сочувство од своите пријатели и пријателите на нејзиниот покоен сопруг.
View this post on Instagram
Освен Николина, во станот пристигнала и првата сопруга на покојниот Видое, додека водителката била надвор. Видое од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во бракот со Николина во декември 2014 година ја доби ќерката Уна Софија.
На последната објава на Видое, четири часа пред да почине, се наоѓа малата Уна Софија снимена во музеј во Мадрид.
ФОТО: Инстаграм