ТОНИ ЦЕТИНСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЕДВАЈ ЈА ПРЕЖИВЕАЛ ПАНДЕМИЈАТА Тој и сопругата живеат скромно
Цетински вели дека тој и сопругата не живеат нималку гламурозно, како што се очекува за некој од естрадата.
Во текот на гостувањето во „Радио Далмација“, хрватскиот пејач Тони Цетински раскажал како се справувал со пандемијата на коронавирусот, кога музичарите не одржуваа концерти поради епидемиолошки мерки.
– Едвај преживеав. Тоа не е финансиска работа бидејќи човек по 30 години кариера се навикнува да штеди. Јас и жена ми го немаме тој стил на живот, што на луѓето надвор може да им се чини дека естрадата живее нешто гламурозно. Ние живееме доста скромно и нормално, ништо поразлично од нормален човек. Се трудиме да не трошиме на глупости – изјавил пејачот.
Цетински вели дека едвај чекал да може да патува нормално. Имено, Тони минатата година стана дедо, а со својата внука редовно се слуша преку видеоповик.
„Сега само го чекам вистинскиот момент да одам во Берлин. Тие живеат во Берлин и сѐ уште не сум ја видел во живо. Ја гледам секој ден преку видеоповици, играме што повеќе преку тие телефони и контактираме , но морам да одам во Берлин, морам да се упатам таму и да ја гушнам. Тогаш ќе ви кажам какво е чувството. Засега мислам дека тоа е исто како кога некому му објаснуваш како е да се биде родител. Тоа никому не можеш да му го објасниш додека не стане родител, затоа да се биде дедо, мислам дека е нешто уште повеќе“, заклучил Цетински.
ФОТО: Patrik Macek/Pixsell