АМБАСАДОРОТ БОМГАРТНЕР ОТКРИВА Во јуни ќе има посебна конференција меѓу ЕУ и Западен Балкан
Францускиот амбасадор вели дека они како земја која претседава со Советот на Европската Унија и со сите партнери и европски институции го следат со големо внимание сето она што се случува во Македонија.
Амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека францускиот став во однос на Македонија во ЕУ не е променет, но се зависи од можноста двата главни града, Скопје и Софија да постигнат договор.
– И тој договор кога и едната и другата страна ќе го потврдат ќе може да се оди напред. Затоа е многу важно да се води дијалог помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Сега се наоѓаме во фаза кога ставовите се прецизираат од двете страни на границите – вели Бомгартнер.
Амбасадорот вели дека они како земја која претседава со Советот на Европската Унија и со сите партнери и европски институции го следат со големо внимание сето она што се случува во земјата.
– Тука сме да бидеме претпазливи но и стоиме на располагање да бидеме корисни, нели откако страните ќе сметаат дека тоа е неопходно, но целта е секогаш истата тоа значи да се постигне праведен договор за двете страни за да можат во европски рамки без да се чека да се отворат преговорите за членство за Северна Македонија и за Албанија. И ќе додадам дека поради важноста на ова прашање кое што го следи и самиот претседател на Републиката за развојот на сите земји од регионот за време на француското претседателство ќе се организира посебна конференција помеѓу Европската Унија и земјите од западен Балкан и таа конференција ќе биде организирана во текот на месец јуни – вели Бомгартнер.