СЕ САНИРА СВЛЕЧИШТЕ Патот Струга – Дебар ќе биде затворен за сообраќај од 10 до 14 часот

На свлечиштето ќе се работи наредните 6 месеци, информира АМСМ.

195

Поради градежни активности за санација на свлечишта кај селaта Глобочица и Луково на регионалниот пат Струга – Дебар комплетно ќе биде  затворен на овој дел од патот, секој ден од 10 – 14 часот во следните 6 месеци. Градежните активности кои се започнати од вчера ги изведува Друштво за градежништво Пелагонија АД Гостивар.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.






Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини