ФАЛАТ ИНСПЕКТОРИ, НО МОРА ДА СЕ КАЗНУВА Ристески бара почести контроли на безбедноста на работниците

Заменик-министерот за економија призна дека Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но порача дека тоа не смее да биде оправдување за непостапување.

16

„Трудовиот и Пазарниот инспекторат немаат доволно капацитети, но тоа не треба да биде оправдување. Секоја институција во рамки на своите надлежности треба да постапува максимално и да ги казнува оние што не го почитуваат законот, особено кога станува збор за безбедноста и здравјето на работниците“.

Вака денеска изјави денеска заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, одговорајќи на новинарско прашање зошто се дозволува фирми да профитираат на сметка на здравјето на работниците – работници да работат на скелиња кога температурите се над 40 степени или да се случуваат свлечишта како во центарот на Скопје.






Според Ристески, Инспекторатот за труд совесно ја работи работата, колку што има можности и капацитети.

– Тоа е проблем што се провлекува со години, со децении наназад. Трудовиот инспекторат совесно ја работи работата, онолку колку што има можности и капацитети. Една од препораките на Европската Унија е зголемување на капацитетите на инспекторатите – и Трудовиот и Пазарниот инспекторат, кои се под наша надлежност. Се надевам дека ефикасноста во иднина ќе биде уште поголема и ќе има поредовни контроли и поредовни казни. Треба малку повеќе да работи и совеста, а онаму каде што нема да работи совеста, ќе бидат употребени сите казнени мерки предвидени со законот и ќе бидат максимално, најригорозно казнети тие што нема да го применуваат законот онака како што треба, барем во однос на заштитата и безбедноста на здравјето на работниците – истакна Ристески.

Досега, дополни, се изречени казни.

– Треба секоја институција во рамки на своите надлежности да постапува максимално, капацитети нема доволно, но тоа не треба да биде оправдување. Треба максимално да се работи и да се казнуваат оние што прават прекршоци во делот на безбедноста и здравјето на луѓето. Инспекторатот казнува, но немам информација колку казни се досега конкретно изречени – нагласи заменик-министерот Ристески.

Поврзани содржини