РЕСТРИКЦИИ ОД 23 ДО 03 ЧАСОТ ПО ПОЛНОЌ Тетовци ќе постат и за вода

570

Од вечерва Јавното комунално претпријатие „Тетово“ воведува рестрикции во водоснабдувањето, за што тврдат дека се потребни поради загадување на водата што доаѓа од новиот водоснабдителен систем од Лешичка Река, објави Курир.мк.

Според нивната информација, до загадување на водата што доаѓа од изворот на Лешница е поради обилните врнежи дожд и затоа тој водоснабдителен систем е исклучен од мрежата.






„Количеството на вода што доаѓа од другите извори и бунарите е 260 литри во секунда, количество што не е доволно за нормално снабдување на сите граѓани. Поради тоа, претпријатието одлучи од 23:00 до 03:00 часот да има рестрикција на вода“, се наведува во известувањето на ЈКП „Тетово“.

 

Поврзани содржини