ПРИЈАВА ЗА СОМНИТЕЛНО ЛЕТАЛО КАЈ БУЈКОВЦИ Очевидци велат дека виделе нешто бело кое се движело многу ниско

На новинарските екипи не им е дозволен пристапот до местото кое го обезбедува полицијата и врши увид. Според првичните информации, жителите на Бујковци, кое се наоѓа во непосредна близина на рафинеријата „Окта“ и Скопскиот аеродром, тврделе дека се работи за беспилотно летало, односно дрон.

1,709

Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, објави Телма.

Сѐ уште не е познато за што се работи, бидејќи во моментот на случувањето на инцидентот немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија.






Жителите, кои пријавиле во полиција, тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.

Поради дождот, облаците и веќе спуштената ноќ не е возможна воздушна проверка на теренот со хеликоптери.

По двочасовна проверка, полицијата се повлече од местото на блокадата. Засега нема официјално известување што е откриено и за што станува збор.

Поврзани содржини