СЕЛА ПОВТОРНО ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АА Ќе победиме на следните избори
Во декларацијата на Конгресот, партијата на Села вети посветеност за остварување на националните интереси на Албанците во Северна Македонија и еднаков третман, ќе работи да стане прва албанска политичка сила во земјата, за владеење на правото, борба против корупцијата и инвестирање во човечки капитал, борба против заробување на државата, деполитизација на администрацијата како и спроведување на прозападна политика.
Алијанса за Албанците го реизбра Зијадин Села за претседател. Тој беше единствениот кандидат во трката на вториот конгрес на партијата.
– Овој е мојот последен мандат како претседател на партијата. Ова излагање на говорницата на овој конгрес како претседател на оваа партија беше последно. Зијадин Села ќе биде уште четири години на чело со Алијанса бидејќи ќе победиме на изборите, а после тоа ќе бидам дел од Алијанса секогаш кога има потреба – изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.
Села рече дека неговата партија е отворена за нови луѓе и не забранила никому да се кандидира за претседател. Тој исто така рече дека АА останува отворена за соработка со другите партии, кои се уморни од политиката во последните децении и сакаат да направат промени.
Во декларацијата на Конгресот, партијата на Села вети посветеност за остварување на националните интереси на Албанците во Северна Македонија и еднаков третман, ќе работи да стане прва албанска политичка сила во земјата, за владеење на правото, борба против корупцијата и инвестирање во човечки капитал, борба против заробување на државата, деполитизација на администрацијата како и спроведување на прозападна политика.
Алијанса на Албанците на вториот конгрес го избра и централното собрание, ја усвои новата платформа и неколку статутарни измени.