АХМЕТИ МУ ОДГОВОРИ НА МИЦКОСКИ Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на партиите

Некогаш СДСМ, а денес ВМРО-ДПМНЕ. Иста кампања, ист наратив и иста стратегија, гласи дел од статусот на Али Ахмети на социјалните мрежи.

1,336

Лидерот на ДУИ порачува и дека гласот на граѓаните во едно мултиетничко општество мора да го почитуваат сите. Мицкоски, пак, пред два дена во телевизиско гостувања кажа дека правилото за коалицирање победник со победник не важи од оној момент кога Ахмети одлучил да направи влада со Зоран Заев, пишува 360степени.

– Граѓаните се тие кои одлучуваат за судбината на политичките партии во државата и одредуваат кој ќе ја има одговорноста за водење на државата согласно нивните очекувања – вели Ахмети во коментар на социјалните мрежи, кој доаѓа по изјавата на Христијан Мицкоски дека ДУИ треба да оди во опозицијата.






– Некогаш СДСМ, а денес ВМРО-ДПМНЕ. Иста кампања, ист наратив и иста стратегија – додава лидерот на ДУИ.

Според Ахмети, ова не е ништо ново туку веќе виден филм само со различни актери, но, порачува тој, граѓаните одлучуваат за судбината на партиите.

Лидерот на ДУИ порачува дека гласот на граѓаните во едно демократско и мултиетничко општество е свет и одлучувачки и тоа мора да го почитуваат сите чија цел да еден ден да преземат одговорност и да ја водат државата.

Изјавата дека ДУИ треба да оди во опозиција, Мицкоски ја даде во петокот во гостување на ТВ 21, каде каже и дека правилото за коалицирање победник со победник не важи од оној момент кога Ахмети одлучил да направи влада со Зоран Заев.

 

Поврзани содржини