ЌЕ ЗАМИНЕ ЛИ ЖЕРНОВСКИ ВО БЕЛГРАД? Владата вели не добила предлози за нови амбасадори

Од Владата негираа дека предлозите пристигнале до надлежните служби и дека веќе е започната процедурата за именувањето на новите амбасадори.

527

На предлог на СДСМ, Андреј Жерновски е можниот нов македонски амбасадор во Белград, Република Србија, објави МКД.мк.

Се шпекулира дека и Реџеп Демири, досегашниот конзул во Минхен, на предлог на ДУИ ќе биде испратен на амбасадорската функција во Берн, Швајцарија.






Инаку од Владата негираа дека предлозите пристигнале до надлежните служби и дека веќе е започната процедурата за именувањето на новите амбасадори.

– Немаме информации за ова, а за пополнување на останати амбасадорски места постои процедура, кога ќе се добие агреман за одредено место во дипломатски претставништа јавноста ќе биде информирана –  изјави портпаролот на Владата, Душко Арсковски.

Поврзани содржини