ПЕТКОВ ГНЕВЕН ПО ПУШТАЊЕТО НА БОРИСОВ Премиерот вели во Бугарија нема независно судство
Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, за да не се спроведе законска истрага нагласи Петков.
Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска на состанок на Советот на министри изјави дека во Бугарија нема независно обвинителство.
– Повторно се соочуваме со апсолутна саботажа од Обвинителството на Република Бугарија под раководство на Иван Гешев – изјави бугарскиот премиер.
Тој обвини дека се прикриваат обвиненија и информации.
– Се прикриваат обвиненија што лесно можеме да ги најдеме. Информациите добиени од изнуденото лице се прикриваат и игнорираат, за да не се спроведе законска истрага нагласи Петков.
Наводите на Петков доаѓаат откако поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, беше приведен 24 часа во специјална операција во четвртокот доцна навечер, заедно со Севдалина Арнаудова од службата за односи со јавноста на поранешниот премиер, како и ексминистерот за финансии, Владислав Горанов.
Тие беа ослободени по 24 часа, а од државното обвинителство соопштија дека немале доволно податоци за да бараат да им биде продолжен притворот.