РУСИЈА ГО ВОЗВРАЌА УДАРОТ Санкции за Бајден и други функционери

На листата е и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

1,336

Руските власти денеска соопштија дека ги ставиле американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Антони Блинкен и други високи функционери на „стоп-листата“ што им забранува влез во таа држава.

Нивните имиња, заедно со секретарот за одбрана Лојд Остин, шефот на ЦИА, Вилијам Барнс, советникот за национална безбедност Џејк Саливан и други, се вклучени на списокот од 13 лица на кои им е забранет влез во Русија како одговор на санкциите воведени од Вашингтон кон руските официјални лица.






На листата е и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон.

Поврзани содржини