НЕДА УКРАДЕН ОТКРИ ЗОШТО НА КОНСТРАКТА Ѝ ДАЛА НУЛА ПОЕНИ Заслужила 12 , но…
Музичката ветеранка беше претседателка на жирито, а многумина се изненадени зошто токму таа не ѝ дала ниту еден поен на Констракта.
Српската пејачка Неда Украден беше претседателка на жирито на српската песна за Евровизија т.н. „Беовизија“, а сега проговори зошто ѝ дала нула поени на победничката песна.
– Бидејќи Констракта заслужи 12, а јас не ѝ дадов 12 затоа што сакав да наградам другите песни за да го пофалам трудот, па подобро е да не ѝ давам ниту еден поен ако веќе не можам 12 – рекла таа во интервју за „ТВ Прва“.
„Ова ми се допаѓа, бидејќи победи паметот, тука има многу интелигенција. Она што мене ми се допадна е дека ова ќе биде нешто сосема друго и ако нема политичко гласање во корист на Украина, предвидувам висок пласман за оваа песна“, додала музичката ветеранка.
– Јас сум некој којшто го цени трудот околу настапот, ми пречеше што во финалето немаше песни како што е песната на Душан Свилар, но не е важно. Важно е дека е избрана не само фантастична приказна, туку и музичка. Не само што ја заслужи победата, туку мислам дека одлично ќе се пласира во Италија – рекла Неда.
„Сите заслужија по еден бод, сите добро пееја, освен неколку исклучоци. Им се извинувам на сите што мислат дека сега се предомислувам. Нема рецепт за победа, бидејќи да беше, сите земји ќе работеа според истиот рецепт“, заклучила Неда.
ФОТО: ТВ Прва