НАРОДОТ СЕ ИСЕЛИ Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека бројката на невработени не е намалена

Сознанијата на партијата се дека намалувањето на вработените исклучиво е во приватниот сектор.

330

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека владата на СДСМ привидно ја намали невработеноста. Сознанијата на партијата се дека наместо намалување на бројот на невработени дел од нив се бришат од евиденцијата, а голем број од ив ја напуштиле земјата.

– Од почетокот на пандемијата имаме значајно намалување на активното население (збир од вработени и невработени лица), но затоа бројот на неактивните лица значајно се зголемува. Активното население се намалува за 30.251 лица, при намалување на бројот на вработените за 15.830 и на невработените за 14.421. Остатокот од вкупното работоспособно население се неактивните лица чиј број е зголеми за 26.878, што покажува дека лицата кои останале без работа и кои биле невработени и пред кризата, сите се префрлаат во неактивни односно не бараат работа. Затоа стапката на активност од 57,4 отсто во првиот квартал на 2020 година се сведе на 55,7 отсто во последниот квартал на 2021 година, додека стапката на невработеност од 16,2 на 15,2 отсто – велат од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму се повикуваат на податоци на Евростат за да покажат дека се работи за иселување, наместо за програмско намалување на невработеноста.

– Во 2012 година биле издадени 9 317 работни дозволи од земјите на ЕУ за македонски државјани, во 2019 та година бројот на издадени дозволи е 26 653 или три пати повеќе луѓе отишле да работат во странство затоа што со СДСМ, со Зоран Заев и Ковачевски тие буквално не гледаат никаква иднина во Македонија – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Сознанијата на партијата се дека намалувањето на вработените исклучиво е во приватниот сектор.

– Загрижува фактот што за намалувањето на вработените е забележано исклучиво во приватниот сектор, каде што  бројот е намален за 27.996 лица, додека бројот на вработени во субјекти со друга сопственост е зголемен 12.166 лица. Според ДЗС во друга сопственост влегуваат мешовита, задружна и државна сопственост.Ова зборува дека приватниот сектор со СДСМ на власт умира, се повеќе работни места се затвораат.Со СДСМ имаме само стагнација, затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро –велат од опозициската партија.

Поврзани содржини