ЗАПОЧНА МИСИЈАТА „ЛОИ ПАРИЗ 2024“ Седум спортисти ќе добиваат стипендија од МОК

Според информацијата од МОК, оваа листа не е конечна бидејќи ќе биде обезбедена финансиска помош и за други спортисти, кои во меѓувреме ќе докажат со своите најдобри резултати дека евентуално ќе можат да освојат норма за учество на ЛОИ во Париз.

339

Македонскиот олимписки комитет (МОК) денеска ги објави имињата на седум спортисти кои како олимписки кандидати ќе добиваат стипендија сè до ЛОИ 2024.






Прв на списокот е актуелниот олимписки вицешампион во таеквондо, Дејан Георгиевски, кој ќе инкасира по 1.600 долари, додека на списокот сè уште двајца од истиот спорт и тоа Филип Додевски со 1.100 долари Анамарија Георгиевска со 800 долари. Првиот македонски спортист кој обезбеди норма за ланските Игри во Токио, Магомедгаджи Нуров, ќе добива по 1.300 долари, а неговиот „соборец“, Владимир Егоров, ќе добива по 1.100 долари. Помош ќе добиваат и атлетичарот Дарио Ивановски и Борјан Бранковски во спортско стреличарство, кои ќе добиваат по 800 долари.

Според информацијата од МОК, оваа листа не е конечна бидејќи ќе биде обезбедена финансиска помош и за други спортисти, кои во меѓувреме ќе докажат со своите најдобри резултати дека евентуално ќе можат да освојат норма за учество на ЛОИ во Париз.

Поврзани содржини