МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ СЕ ЗАСИЛИ СО АМЕРИКАНКА Пејтон Чик е ќе го засили крилото на „Каменица Саса“

Чик е прва американска фудбалерка, која ќе настапува во македонскиот женски клупски фудбал, а минатата година играше за израелскиот второлигаш „Хапоел Рајана“.

463

Актуелниот шампион во македонската женска фудбалска лига Каменица Саса ги засили своите редови пред пролетниот дел од сезоната со Американката Пејтон Чик.

Шампионот од Македонска Каменица објави дека Чик успешно ги минала медицинските прегледи и со неа е потпишан едногодишен договор.






Чик е прва американска фудбалерка, која ќе настапува во македонскиот женски клупски фудбал, а минатата година играше за израелскиот второлигаш Хапоел Рајана.

„Со доаѓањето на Пејтон добиваме повеќе на квалитет по крилните позиции. Со своето искуство очекуваме пролетниот дел да ни помогне да бидеме уште посилни и резултатски поуспешни, соопшти Каменица Саса.

Поврзани содржини