НЕ СЕКОЈ ПОЗИТИВЕН ПОЧИНАЛ ОД ВИРУСОТ Сали вели дека ковид-19 е мултиоргански фактор кој ја отежнува состојбата кај заболените
Можеби сме земја со висока смртност од пандемијата, но не значи дека ние не сме го згрижиле пациентот. Во регионот имаат друга методологија, па не треба да ве залажува бројката што е кај нас 8.000, а кај нив 2-3.000 – рече Сали.
Бројот на починати од ковид-19 во Македонија се чини висок, затоа што според методологијата бележење на починатите, кај нас секој кој починал, а бил позитивен, се регистрира како починат со ковид-19. Но, тоа не значи дека смртта била последица од коронавирусот, рече министерот за здравство Беким Сали, кој денеска на Економскиот факултет во Скопје ја прими бустер дозата.
– Можеби сме земја со висока смртност од пандемијата, но не значи дека ние не сме го згрижиле пациентот. Во регионот имаат друга методологија, па не треба да ве залажува бројката што е кај нас 8.000, а кај нив 2-3.000 – вели министерот.
Тој појасни дека по намалување на периодот за изолација на ковид-позитивните на седум дена, плус три, со системот „Мој термин“ матичните лекари на седмиот ден се јавуваат и прашуваат како се чувствува тој пацинет. Доколку има температура или некои други симптоми, матичниот лекар тоа го внесува во „Мој термин“, со што автоматски се продолжува боледувањето.
Според министерот Сали во земјава има доволен број на медициски кадар за да се справат со позитивните на ковид-19, и покрај тоа што истото така е голема бројката од нив кои во моментов се на боледување и се во изолација затоа што се заразени со коронавирусот.