АКТЕРКАТА ОБЈАВИ СЕЛФИ БЕЗ ГРАМ ШМИНКА Има 49 години и мазна кожа без брчки! (ФОТО)
Гвинет Палтроу, го покажала својот беспрекорен тен на селфи фотографијата без грам шминка, со мокра коса, носејќи само бањарка.
Ретко се случува некој од светот на познатите и славните да објави своја фотографија без грам шминка или некој филтер.
Во новата објава на Инстаграм, актерката Гвинет Палтроу, го покажала својот беспрекорен тен на селфи фотографијата без грам шминка, со мокра коса, носејќи само бањарка.
View this post on Instagram
Она што сите го забележале нејзината здрава и блескава кожа со која се пофалила 49-годишната актерка, која на социјалната мрежа ја следат повеќе од седум милиони следбеници, а освен тоа, оваа фотографија имала за цел да го промовира нејзиниот бренд „Гуп“ (Goop).
„Конечно е тука. Нашиот Клаудбери пилинг за чистење лице денес се појави на Гуп. Доколку ме познавате, знаете дека сакам добар пилинг поради тоа сум многу возбудена што можам да го претставам новиот додаток на семејството Гупсјај“, напишала таа во објавата на фотографијата и додала дека овој производ го подобрува изгледот на кожата.
View this post on Instagram
На објавата многу обожаватели ѝ коментирале дека е прекрасна без шминка:
„Дури и без шминка и натаму изгледаш безвременски убаво. И блескаш“, „Природна убавина. Тој сјај!“, „Прекрасна и блескава кожа. Изгледаш апсолутно блескаво. Безвременска убавина“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм