ВМРО-ДПМНЕ ИМА ЛОША ТАКТИКА СО ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПАРТНЕРИ Нападите врз малите партии предизвикаа револт и отпор

Морачанин е оптимист дека наскоро ќе ја постигне својата политичка цел, Македонија да стане една изборна единица.

880

Лидерот на ДОМ, Маја Морачанин вели дека ВМРО-ДПМНЕ со нападите врз ДОМ, ЛДП и врз ДС одбра стратегија како да стигне до предвремени избори откако не успеа да направи ново парламентарно мнозинство.

„Но, лоша им е тактиката. Тоа предизвикува многу повеќе отпор и револт кај сите, во сите партии и кај нашите поддржувачи“, вели лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во интервју за „Независен“ по канонадата тешки обвинувања и дисквалификации на опозициската партија – и во Собранието и преку партиски соопштенија.






Таа е оптимист дека наскоро ќе ја постигне својата политичка цел, Македонија да стане една изборна единица. Најважно е, вели Морачанин, за тоа конечно да се отвори дебата во Собранието, па може да се моделираат интересите на сите во една одлука, која ќе биде поддржана од најголемиот дел од пратениците.

Поврзани содржини