ПОРАДИ СИЛЕН СНЕГ Забрана за камиони на патот Маврово-Дебар
Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена во 9:30 часот.
Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.
Како што информира АМСМ, забраната за сообраќај е воведена во 9:30 часот.
И на патниот правец Гостивар-Стража-Кичево поради интензивни врнежи од снег во 09:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.