СЕКОЈ ДОГОВОР ШТО ЌЕ ЧЕПНЕ ВО ИДЕНТИТЕТОТ Е НЕПРИФАТЛИВ Мицкоски остро ја коментира бугарската Резолуција

Затоа јас би апелирал еве повторно и до господинот Османи да ја прифати поканата на Антонијо Милошоски, пратеникот и да дојде и пред пратениците да зборува за тоа во каков правец оди дипломатијата, до каде е со преговорите, до каде е почетокот на преговорите и првата меѓувладина конференција. Затоа што тоа се прашања на коишто народот сè уште нема одговор, смета Мицкоски

1,022

„Секој договор којшто ќе значи какво било начнување повторно на македонскиот идентитет за нас е неприфатлив“.

Вака изјави лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за позициите на партијата во однос на македонско-бугарскиот спор:






– 5+1, 6-2, 12+3 или како сакате наречете ги тие иницијативи, тоа е парадата зад завесата, приличен јасен бев, стои документ којшто тие го нарекуваат Резолуција на бугарскиот парламент. Тоа е основата, тоа е суштината на проблемот. Овие инцијативи 5+1, 2+3, 3-1, ако сакате да бидеме наивни или да се правиме наивни тогаш да веруваме. Тоа е фолклор, суштината е зад завесата, тоа е Резолуцијата која ја имаат склопено во парламентот – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека би било добро министерот за надворешни работи да ги информира пратениците што се преговара со Бугарија, за да се реши спорот.

– Ако ме запрашате што може да направи ВМРО-ДПМНЕ од оние информации со коишто располага, пратеникот Милошоски којшто претседава со Комисијата за надворешни работи во рамките на Собранието веќе има упатено покана до министерот за надворешни работи, господинот Османи да дојде и пред пратениците да објасни во каква насока ја води дипломатијата и да даде определени детали од договорот што вие го рековте зад завесата за којшто веќе се преговара и лиферуваат определени документи итн. И да каже, и добро е да каже колку пари народни потроши од Бучковски патувајќи наваму, натаму изминатава година, затоа што очигледно е дека тие патувања претставуваат мини екскурзии без никаков бенефит за граѓаните – појасни Мицкоски.

Лидерот на опозицијата посочи и дека за потрошените пари од Буџетот за патувања на Бучковски треба некој да сноси одговорност.

– Затоа јас би апелирал еве повторно и до господинот Османи да ја прифати поканата на Антонијо Милошоски, пратеникот и да дојде и пред пратениците да зборува за тоа во каков правец оди дипломатијата, до каде е со преговорите, до каде е почетокот на преговорите и првата меѓувладина конференција. Затоа што тоа се прашања на коишто народот сè уште нема одговор – смета Мицкоски.

Поврзани содржини