ГАДЕЊЕ, ПОВРАЌАЊЕ, КИВАЊЕ Омикрон сојот почна да предизвикува нови симптоми

„За омикрон сојот се забележани класичните симптоми на коронавирусот како што е треска, главоболка, губење на сетилата за вкус и за мирис, а најчесто предизвикува традиционални симптоми на грип и настинка. Најчестите симптоми се течење на носот, болка во главата, замор, кивање и болки во грлото“, наведено е во британската апликација за следење ЗОЕ.

4,498

Гадење и повраќање се новите два симптоми што ги предизвикува новата омикрон варијанта кај заразените пациенти, изјави Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон.

Тој објаснува дека овие два симптоми ги пријавиле пациенти кои биле целосно вакцинирани, но и пациенти кои имале примено бустер доза на вакцината против коронавирусот.






Претходните истражувања, пак, открија дека еден од симптомите на омикрон-сојот е губење на апетитот, но и дека новата варијанта премногу наликува на најобична настинка.

„За омикрон сојот се забележани класичните симптоми на коронавирусот како што е треска, главоболка, губење на сетилата за вкус и за мирис, а најчесто предизвикува традиционални симптоми на грип и настинка. Најчестите симптоми се течење на носот, болка во главата, замор, кивање и болки во грлото“, наведено е во британската апликација за следење ЗОЕ.

Поврзани содржини