ЏЕЈМС ФРАНКО ПРИЗНА ДЕКА СПИЕЛ СО СТУДЕНТКИ Актерот се борел со зависност од секс
Франко рекол дека развил зависност од секс по отрезнувањето од зависноста од алкохол што ја развил на млада возраст.
Холивудскиот актер Џејмс Франко призна дека спиел со студентки од актерското училиште, кое претходно го водел, откривајќи дека се борел со зависност од секс и дека последниве години работи на подобрување на своето однесување.
Во извадоци од поткастот на Џес Кегл објавени во средата Франко (43) рекол дека додека предавал на училиштетот (кое во меѓувреме беше згаснато), „спиел со студентки и тоа не било во ред“. Тој нагласи дека не ја основал академијата за да намамува жени за сексуални цели.
– Претпоставувам дека во тоа време моето размислување беше: ако е со заемна согласност, во ред е. Во тоа време не бев со бистра глава – рекол тој во поткастот на „Сириус икс-ем“.
Ова се првите поопширни коментари на Франко за обвинувањата упатени против него пред речиси четири години кога „Лос Анџелес тајмс“ објави дека пет жени го обвинуваат за однесување што го сметаат за непристојно.
Во октомври 2019 година, две жени поднесоа граѓанска тужба против ѕвездата на „Ананас експрес“ обвинувајќи го за искористување на аспирантни актерки во неговата сега веќе затворена академија и за намамување млади жени да снимаат експлицитни секс-сцени.
Франко рекол дека развил зависност од секс по отрезнувањето од зависноста од алкохол што ја развил на млада возраст. Во интервјуто за поткастот тој исто така рекол дека закрепнува од зависноста од секс од 2016 година и дека веќе не е тоа што бил порано.
– Бев зависник од секс, целосно маѓепсан до тој степен што не можев да се контролирам – рекол Франко и додал дека навистина немал намера да ги повреди.
Имено, неговите проблеми излегле од контрола кога открил дека навистина никогаш не може никому да му остане верен.
Џејмс Франко се согласи оваа година да плати 2,2 милиона долари за да ја реши граѓанската тужба од 2019 година, според документите поднесени во судот во Лос Анџелес.