СОЈОТ ОМИКРОН ПРИСТИГНА ВО АЛБАНИЈА Вечерва ќе се носи одлука дали ќе има заострување на мерките

На денешната седница на Комитетот ќе се направи анализа на состојбата, врз основа на што ќе се донесе одлука дали ќе има заострување на мерките за заштита од коронавирусот, истакна Мира Ракацоли, претседателка на албанскиот Национален технички комитет за справување со пандемијата.

702

Омикрон-сојот на коронавирусот е регистриран во соседна Албанија, каде што се потврдени два случаи, а примероците веќе се испратени на анализа во лабораторијата во Германија, соопшти Мира Ракацоли, претседателка на албанскиот Национален технички комитет за справување со пандемијата.

– Во Албанија најприсутна е делта-варијантата, но сега имаме и пациенти со омикрон-сојот на коронавирусот. Во текот на минатата недела, во просек дневно бројот на новозаразени изнесуваше 284 лица. На денешната седница на Комитетот ќе се направи анализа на состојбата, врз основа на што ќе се донесе одлука дали ќе има заострување на мерките за заштита од коронавирусот – истакна Ракацоли.

Поврзани содржини