АНТОНИА ГИГОВСКА НА АУКЦИЈА ПРОДАВА ФУСТАН Парите се наменети за лекување на девојка болна од рак (ФОТО)
Антониа на аукција го продава свилениот фустан што го носи во спотот за песната „Хиена“.
Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска започна хуманитарна акција.
Антониа на аукција го продава свилениот фустан што го носи во спотот за песната „Хиена“, чија почетна цена е 10.000 денари, а парите ќе ги донира за лекување на Анета Јовановска, која се бори со рак.
View this post on Instagram
Самата пејачка објави фотографија и напиша на својот инстаграм-профил:
„Здраво на сите, би сакала да се задржите на овој пост. Овој фустан е првиот Custom Made Design на мојата стилистка @stylemebursak. На почетокот сакав да го задржам за себе затоа што се заљубив од прва, но поради големиот интерес одлучив да го продадам.
Изработен е од свила и е S конфекциски број.
Парите сакам да ги донирам за АНЕТА ЈОВАНОВСКА што боледува од карцином.
Нема да бидат пари кои што ќе помогнат многу, но се надевам на нејзе ќе ѝ значат.
Сакам сите заедно да помогнеме колку што можеме!
Затоа што не знам како се става нешто на АУКЦИЈА, Инстаграм и Фејсбук ќе ми помогнат ова да го видат онолку луѓе колку што ме следат.
Ќе ми значи исто така ако ова го споделите и вие затоа што можеби оние кои што не ме следат ќе видат токму кај вас.
Почетната цена е 10.000ден. Ви благодарам многу💗“, напиша младата пејачка.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм