НИЕ НЕ УЦЕНУВАМЕ, ТУКУ УСЛОВУВАМЕ Воведувањето една изборна единица е старо барање на ДОМ

Демократијата не треба да се сведува на уцени, рече претседателката на ДОМ, Маја Морачанин.

963

Нашата партија никогаш не се занимавала со уцени, туку ние поставуваме само услов да се воведе една изборна единица, рече претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5.

– Ова е старо барање на ДОМ. Нашата партија никогаш не се занимавала со уцена, тоа е наш услов и не е само излагањето на една изборна единица. Ние имаме и други барања. Демократијата не треба да се сведува на уцени – истакна Морачанин.






Во поглед на распишувањето предвремени парламентарни избори, таа смета дека таквиот потег не е во интерес на државата.

– Секоја година имаме избори и стагнираат многу сектори во државата – рече Морачанин.

Поврзани содржини