ДА СЕ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊЕТО ЗА ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА И ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Повик од иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“

Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори – нагласуваат организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“.

2

Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Порачаа организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ во соопштение по повод вчерашните парламентарни и претседателски избори во Србија и Бугарија.

„Политичката борба за полноправно членство во ЕУ не подразбира безусловна подготвеност на национални отстапки кои не ги одобрува високото мнозинство на Македонскиот народ. Млаките реакции за провокациите на официјална Софија не ја приближуваат Македонија до ЕУ туку го разјадуваат македонското национално ткиво создавајќи внатрешни поделби заради кои речиси е невозможно да се постигне консензус за неопходните внатрешни реформи кои го надминуваат мандатот на една или друга политичка Влада.






Политичките процеси кај нашите соседи се повик за исполнување на предизборното ветување за воведување на една изборна единица со отворени листи. Оваа клучна реформа на нашиот политички систем треба да се случи пред следните парламентарни избори.

Во Македонија студентите и генерално младите, без разлика на нивната етничка и верска припадност и колку во моментот се потценети од традиционалните партии, поседуваат интегритет и капацитет да бидат значаен фактор во политичките промени.

Уште еднаш се потврди дека без вистинско обединување на целокупната опозициска прогресивна демократска јавност е речиси невозможно да се победат десничарските популистички власти на Балканот“ – се вели во соопштението на иницијативата „Разговори за иднината во 12:05“.

Поврзани содржини