ДВАЈЦА СВЕДОЦИ ЗА ДОНАЦИИТЕ ВО ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски ми рече „Донирај, па кога ќе дојдеме на власт ќе исплаќаме редовно“

Сведокот Драган Оѓњановски, кој е сопственик на градежна фирма, рече дека донирал 300.000 денари пред изборите во 2006 година на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

1,109

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Плацови на Водно. Прв беше сослушан сведокот на обвинителството Сузана Николовска, која е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1999 година и била советник во општина Гази Баба од 2009 до 2013 година. Таа рече дека има донирано средства во износи од 200 и од 60.000 денари за оваа партија.

– За сумата се сеќавам дека беше назначена, за која цел не се сеќавам. Едноставно само донирав – рече Николовска.






На прашање од одбраната, таа рече дека пари на рака нема дадено никому, и сите уплати ги вршела со каса-прими. Сведокот, рече дека не го познава Никола Груевски, освен преку медиуми.

Сведокот Драган Оѓњановски, кој е сопственик на градежна фирма, рече дека донирал 300.000 денари пред изборите во 2006 година на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

– Тогашниот градоначалникот на Гази Баба Коце Трајановски ми се јави, бидејќи ние сме градежна фирма и работиме со општини и со други институции. Општината ни должеше пари и не ни ги исплаќаше, па Трајановски ми се јави пред избори и ми рече да уплатам донација на партијата пред изборите и дека за сметка на тоа ќе нема да има никакви проблеми со исплата и ќе помагаат колку ќе помагаат ако дојдат на власт – рече Огњановски.

Парите, рече тој, дека ги дал во старата жолта зграда на ВМРО-ДПМНЕ на Гордана Јанкулоска, за што добил каса-прими.

На прашање од одбраната, дали некогаш дал пари на лично на Никола Груевски, сведокот рече не, а додаде и дека не го познава Груевски.

Прашан дали за донацијата пријавил на некоја институција, сведокот рече не.

На прашање од одбраната, дали за донацијата очекувал некаква противуслуга, сведокот рече, „не, доволно е да не нѐ закачаат, не мене, туку фирмата.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Со ова, заврши сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителството и по паузата треба да се продолжи со изведување материјални докази од одбраната.

Поврзани содржини