РОНАЛДО НА ИНТЕРЕСЕН НАЧИН ГО ОБЈАВИ ПОЛОТ НА БЛИЗНАЦИТЕ Обожавателите воодушевени (ВИДЕО)
Фудбалерот и неговата партнерка Георгина Родригез ќе добијат близнаци, а сега преку видео на својот Инстаграм го објавија полот на децата.
Фудбалерот Кристијано Роналдо воодушевени милиони следбеници со својата последна објава на Инстаграм.
Фудбалерот и неговата партнерка Георгина Родригез ќе добијат близнаци, а сега преку видео на својот Инстаграм го објавија полот на децата.
View this post on Instagram
„Таму каде што животот започнува, а љубовта никогаш не завршува“, напишал тој во описот на видеото.
На видеото четирите деца на фудбалерот пукаат балони од кои паѓаат розови и сини конфети. На овој начин фудбалската суперѕвезда објави дека тој и Георгина очекуваат син и ќерка, а се чини дека неговите деца се возбудени поради тоа.
„Честито“, „Убаво“, „Слатко, плачам“, порачале многу фанови во коментарите, а видеото за само два часа собра повеќе од два милиони лајкови и речиси осум милиони прегледи.
Роналдо има четири деца. Синот Кристијано Џуниор го дибил со жена чиј идентитет не се открива, неговата ќерка Ева и синот Матео ги родила сурогат мајка, а неговата ќерка Алан Мартин ја добил со Георгина Родригез.