АУТСОРСИНГ НА ЗАТВОРЕНИЦИ!? Данските осуденици ќе „лежат“ во Косово
Во предвидувањата на владините комисии, во Данска до 2025 година ќе се јави кусок од 1000 затворски места, па договорот со Косово би можел да го реши проблемот, но воедно и да заштеди многу пари.
Владата на Данска е во завршна фаза на преговори со надлежните на Косово, за изнајмување на затвор, во кој би ја одлежувале казната осудениците од оваа земја, јавува државното данско радио.
Во предвидувањата на владините комисии, во Данска до 2025 година ќе се јави кусок од 1000 затворски места, па договорот со Косово би можел да го реши проблемот, но воедно и да заштеди многу пари.
– Една од предностите на овој договор е тоа што затворениците нема да бидат ставени во програмата за ресоцијализација, бидејќи по одежувањето на казната не значи дека ќе живеат во Данска – вели министерот за правда Ник Хекеруп.
Најголемиот дел од партиите го поддржуваат планот за „аутсорсинг на затвореници“ на затвореници од Данска во Косово.