ТЕТОВО УКРАСЕНО СО БРОЈКИ Касами на билборд го објави вкупниот долг
Касами, кусо откако ја презеде функцијата, соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра.
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, постави билборд во градот на кој пишува 24.018.222 евра. Тоа е долгот на општината кој го остави поранешната градоначалничка Теута Арифи.
Касами, кусо откако ја презеде функцијата, соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра. Како што рече тој, општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.
Фото: Газета експрес