🎥 МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ЗЕМЈИ ШТО ЌЕ ЈА КОРИСТИ ТЕХНОЛОГИЈАТА СТАРЛИНК Николоски соопшти дека третиот мобилен оператор ќе ја користи оваа мрежа

Според вицепремиерот, надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите земји каде што Starlink ќе се користи директно.

28

Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои технологија на Старлинк ќе се имплементира, вели во видео објавено на  својот Фејсбук профил вицепремиерот Александар Николоски.

-Третиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата Старлинк со што ќе биде многу поконкурентен во однос на услугата- вели во објавата Николоски.






Надвор од Украина, Македонија и Црна Гора ќе бидат првите земји каде што Starlink ќе се користи директно.

-Колку што имам информации, ќе биде многу, многу поевтин од двата постоечки оператори – нагласуваи Николоски.

Според договорот за концесија, информира Николоски,  третиот мобилен оператор треба да покрие кирија за еден град до март следната година, а до крајот на годината да работи во цела Северна Македонија.

-Тие го избраа градот Скопјe како прв што ќе покрие, веројатно затоа што има околу 50% од целиот комуникациски пазар во земјата – вели Николоски.

Поврзани содржини