СЕ РОДИ СО 665 ГРАМА, СИ ЗАМИНА ДОМА СО 2.190 Најмалата хероина за оваа година ја испишаа од болница

По 67 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство - Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото женско бебе денеска заминува дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции.

373

Бебето кое беше родено на 8 октомври, предвремено, во 29-тата гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 665 грама, со должина од 30 сантиметри, денеска го испишале од болница со 2.190 грама телесна тежина. Трудницата која е прворотка била хоспитализирана три дена пред раѓањето на бебето – на 5 октомври и во тој период била подложена на предродилен мониторинг и третман. Бременоста ѝ била оптоварена со повеќе ризици, вклучувајќи го слабиот раст и развој на фетусот, односно на плодот во утробата на мајката.

Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.

Поврзани содржини