ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ МОТОРНИ ВОЗИЛА НА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕВОИ Зимската опрема е задолжителна за сите возила
Обилна снежна покривка има на превоите Стража и Пресека како и на патниот правец Тетово - Попова Шапка.
Поради обилните врнежи од снег на планинските превои е забрането движење на тешки товарни возила, за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема, информира АМСМ.
На патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража од 2.40 часот, воведена е забрана за сообраќај на тешки моторни возила.
На патниот правец Кичево-Пресека-Охрид поради обилни врнежи од снег забрана за движење на тешки товарни возила е воведена од 4.30 часот .
Забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси има и на патниот правец Тетово- Попова Шапка.
Поради обилни врнежи од снег во 9часот е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на магистралниот пат Струга – Ќафасан.
За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Според АМСМ сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.