ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ГО ИГНОРИРААТ НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ Омбудсманот Зибери ја објави листата на државни органи кои се поигруваат со законот
Народниот правобранител Насер Зибери образложувајќи го извештајот од спроведената анализа, истакна дека со дел од институциите тој нема доволна соработка и апелираше до овластените органи да вршат влијание врз овие институции во иднина да се подобри соработката со неговата служба, охрабрувајќи ги во иднина да даваат навремени и суштински одговори во законски увтрдените рокови.
Канцеларијата на Народниот правобранител направи анализа за периодот од јануари до август 2021 година за постапувањето на државните органи по барањата и другите интервенции на Народниот правобранител по претставките за заштита на човековите права, констатирајќи дека соработката со бројни државни институции е на ниско ниво или воопшто не се одвива.
Во посочениот период, до Народниот правобранител стигнале 1760 претставки, од кои за 1097 омбудсманот отвори постапки и презеде дејствија или во проценти 62,32 отсто, по што преземени се 1417 дејствија кон органи на државната власт, единици на локална самоуправа, органи и организации со јавни овластувања.
По преземени дејствија, 436 органи и служби доставиле одговор во законски утврдениот рок односно по 30,77 отсто од поставените барања. За 865 одговори после рокот или по дополнителни дејствија преземени од наша страна, додека по 116 дејствија воопшто не е одговорено. Во однос на добиените одговори 1062 се целосни и ги содржат бараните информации или 74,95 отсто, додека 232 одговори или 16,88 отсто се неформални, несуштински.
Народниот правобранител Насер Зибери образложувајќи го извештајот од спроведената анализа, истакна дека со дел од институциите тој нема доволна соработка и апелираше до овластените органи да вршат влијание врз овие институции во иднина да се подобри соработката со неговата служба, охрабрувајќи ги во иднина да даваат навремени и суштински одговори во законски увтрдените рокови.
– Министерствата за здравство, за транспорт и врски, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за труд и социјална политика, МВР, особено Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги, Управниот, Врховниот суд, Основниот граѓански суд Скопје, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, ОЈО Охрид, ОЈО Кичево и Генералниот секретаријат на Владата, Управата за водење матични книги, Државниот завод за статистика, Град Скопје, општините Берово, Кочани, Тетово, Битола, неколку јавни претпријатија комунални и државни се органи кои или соработуваат со постојано наше инсистирање или воопшто не одговараат по интервенциите на народниот правобранител, а најчесто доставуваат формални одговори кои не овозможуваат ефикасна заштита на правата на граѓаните – посочи Зибери.
Од друга страна, како што посочи тој, од анализата може да се констатира дека Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Фондот за здравство и подрачните служби на ПИОМ, Јавните здравствени установи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, меѓуопштинските центри за социјална работа, Заводот за социјални дејности, МОН, навремено одговриле или доставуваат одговори со мали пречекорувања на роковите, но одговорите се целосни и суштински. Во оваа група спаѓаат и Државниот пазарен инспекторат, најголем број од средните и основните училишта, Агенција за вработување, националните установи, извршителите, нотарите, Адвокатската комора, основните судови, Комисијата за прекршоци, Комисијата за денационализација, ОЈО Велес, Битола, Куманово, Прилеп, Кавадарци, МРТВ, ЕВН, БЕГ, Регулаторна комисија.
– Неминовна е потребата, неоходна е соработката за да можеме да го подобриме квалитетот на заштита на човековите слободи и права – нагласи Зибери.
Правосудството, како што нагласи Зибери, е област која традиционално е на врвот на листата на поднесени претставки од граѓаните. Во периодот кој беше предмет на оспервација на анализата Народниот правобранител евидентирал дека се примени вкупно 300 претставки, најголем број од овие претставки се однесуваат на работата на судовите и тоа вкупно 49 претставки, потоа извршителите со 31 претставка. Од добиените одговори од органите 99 се суштински и целосни, додека 14 се формални.
– Како заклучок на тоа е дека одговори во законски утврдениот рок доставуваат апелационите судови во Скопје, и Гостивар, извршителите, нотарите, адвокатската комора, основните судови, Министерството за правда, комисиите за прекршоци при МВР, Апелациониот суд Битола генерално соработуваат коректно со Народниот правобранител и доставуваат суштински и целосни одговори иако најчесто по изминатиот законски утврден рок. Додека, Управниот суд, Врховниот суд, доставуваат само формални одговори и тоа по упатени неколку ургенции – рече Зибери.
Втора област каде е голем бројот на претставки се потрошувачките права и во дадениот период се примени 163 претставки, за 120 од нив се преземени вкупно 140 дејствија. По овие дејствија само од 15 органи е доставен одговор во дадениот рок, а сите други се доставени после рокот или по упатена ургенција. Од добиените одговори 98 се суштински, а 24 се повеќе формални.