ПУШТИ МУСТАЌИ?! А ја прегледа простатата?

Покрај растењето мустаќи, месец ноември е посветен на бројни едукации за ментална поддршка во справувањето со овој тип рак, поддршка во лекувањето, како и ширење на свеста за машкото здравје.

330

Сѐ почна во ноември 1999 година, кога неколку пријатели од Аделаида, Австралија, се договориле да не ги бричат ​мустаќите цел еден месец. На облогот кој имал за цел да му даде малку рурален изглед на современиот маж, му се приклучиле околу 30 луѓе и истрајале во својата одлука. Само неколку години подоцна, 2004, во Мелбурн 400 мажи ѝ се приклучија на идејата – тогаш беше формирана и Фондација за собирање пари за истражување на рак на простатата.

„Movember“ („Мовембер”) е спој од два збора – австралиската сленг-кратенка за „мустаќи“ – „mo“ и „November“ (ноември).






Движењето со пуштање мустаќи (а некаде и/или брада) потоа доби и глобален карактер, па сега десетици илјади луѓе ширум светот секоја година се приклучуваат на „Мовембер“. Покрај растењето мустаќи, месец ноември е посветен на бројни едукации за ментална поддршка во справувањето со овој тип рак, поддршка во лекувањето, како и ширење на свеста за машкото здравје.

Успехот на лекувањето при рано откривање на ракот на простата, е голем. Па, затоа, се препорачува мажите постари од 50 години да одат на лекарски преглед барем еднаш годишно, а мажите над 20 години да прават самопреглед два пати годишно.

Поврзани содржини