КОЛОНОСКОПСКИОТ ПРЕГЛЕД МУ ГО ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ На Бајден му бил отстранет полип во канцерозна форма
На претседателот Бајден му беше отстранет бенигнен полип од 3 милиметри од дебелото црево. Примерокот земен за хистолошки преглед беше идентификуван како тубуларен аденом, сличен на полипот што му беше отстранет во 2008 година, се вели во соопштението на Белата куќа.
Американскиот претседател Џо Бајден би можел да се разболи од рак доколку не бил подложен на редовна колоноскопија, објави денеска главниот лекар во Белата куќа, Кевин О’Конор, кој истакна дека на претседателот му бил идентификуван полип на дебелото црево.
Според лекарот, полипот бил веднаш отстранет за време на колоноскопијата, а инаку бил тубуларен аденом, бенигна, но во потенцијално канцерозна форма.
„На претседателот Бајден му беше отстранет бенигнен полип од 3 милиметри од дебелото црево. Примерокот земен за хистолошки преглед беше идентификуван како тубуларен аденом, сличен на полипот што му беше отстранет во 2008 година”, се вели во соопштението на Белата куќа, во кое се додава дека „информациите за здравјето на претседателот се обелоденуваат со негова експлицитна согласност“.
Бајден во саботата наполни 79 години. Повторна колоноскопија се препорачува по седум до десет години. За време на постапката, претседателот бил под анестезија и за тоа време ги делегираше своите овластувања на потпретседателката Камала Харис.