СОБРАНИЕТО СО 6О ПРАТЕНИЦИ НЕ ФУНКЦИОНИРА Немаат ли „евроатлантско“ решение за „само киднапирање“ на пратеник?

„Или, немаат ли „евроатлантско“ решение за „само киднапирање“ на некој пратеник за да ја спаси „земјата“ од руско-кинески опасности?“, ироничен е Ибрахими.

1,104

Овие што мислат дека мнозинството станува „за пиење“ знаат ли дека Собранието со 60 пратеници не функционира?, прашува на Фејсбук Зекирија Ибрахими од Алернатива, откако вчера беше објавено дека премиерот Зоран Заев го поканил лидерот Африм Гаши на средба на која би се разговарало за улогата на оваа партија во новото парламентарно мнозинство.

„Или, немаат ли „евроатлантско“ решение за „само киднапирање“ на некој пратеник за да ја спаси „земјата“ од руско-кинески опасности?“, ироничен е Ибрахими.

Тој претходно, пред да се случи собраниската седница за интерпелација на Владата изјавуваше дека во рацете на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е формирањето на ново мнозинство, а дека има и поддршка од Алтернатива.

Инаку Зеќирија Ибраими е пратеникот  кој на продолжението од конститутивната седница на 27 април во 2017 година, ја испеа албанската химна во Собранието.
Поврзани содржини