„НЕ МОЖАМ ДА ПРЕСТАНАМ ДА ПЛАЧАМ“ Ја запросил девојката на концерт на Адел (ВИДЕО)

Адел во текот на својот перформанс му помогнала на едно момче да ја запроси својата девојка на нејзиниот концерт.

743

Британската пејачка Адел (33), по шест години пауза, во неделата го одржа својот прв концерт.

Пејачката во текот на концертниот специјал извела 10 песни кои вклучувале мешавина на старите хитови како „Hello“ и „Rolling in the Deep“, како и некои нови песни од нејзиниот нов албум, „30“.






Адел се појавила во гламурозен црн фустан во крој на сирена, а открила и дека тоа ѝ е прв концерт на кој се наоѓа нејзиниот деветгодишен син Анџело.

– Ова е првпат мојот син да ме гледа како настапувам – рекла Адел низ солзи.

 

Уште еден емотивен момент настапил кога Адел во текот на својот перформанс му помогнала на едно момче да ја запроси својата девојка на нејзиниот концерт.
Секако, девојката не очекувала ваков гест, па била мошне изненадена.

Девојката со превез на очите немала поим што се случува, ниту што планирало нејзиното момче. Откако ѝ го симнал превезот од очите и ја запросил, се вклучиле светлата и на сцената се појавила Адел. Девојката останала без текст, шокирана, а снимката од ова запросување стана хит на интернет со молскавична брзина.

„Ова дефинитивно нема никогаш да го заборави“, „Таа е запросена пред една од најдобрите пејачки на денишницата“, „Ова е прекрасно“, „Не можам да престанам да плачам“!

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

 

ФОТО: Твитер

Поврзани содржини