ЖЕНА СЕ ПОРОДИ ПОД МОСТ ВО ПРИЛЕП Пожарникарите ја извадиле заедно со бебето од коритото
Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради.
Несекојдневен настан се случил вчеравечер во Прилеп, кога жена се породила под мостот на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Како што пренесува „Маркукуле“, екипи на брзата помош и противожарната екипа интервенирале на терен и успеале бебето и жената да ги извадат надвор од речното корито.
Според пишувањата на очевидци на социјалните мрежи, жената била од ромска националност и извесно време живеела токму под мостот, а и помагале жителите од околните згради.
Жената до последно работела и се борела да обезбеди храна за да се прехрани.
Очевидци на настанот велат дека бебето и жената биле однесени со возило на брзата помош и апелираат до надлежните служби ваквите настани да не се повторуваат во иднина.
„Многу ме интересира што се случи со становите за социјално загрозени категории? Или си се поделија меѓусебно на Петко, на Трајко и остала весела дружина? Господе прости им, не знаат што прават!“, е еден од коментарите на Фејсбук.